„Ноември – месец на науката 2024“, ВТОР ДЕН 30.11.2024 |
|
|
30.11.2024 НАГРАДИ
МАТЕМАТИКА
НАГРАДИ_МАТЕМАТИКА.pdf
БИОЛОГИЈА
НАГРАДИ_БИОЛОГИЈА.pdf
ХЕМИЈА
НАГРАДИ_ХЕМИЈА.pdf
ГЕОГРАФИЈА
НАГРАДИ_ГЕОГРАФИЈА.pdf
НАГРАДИ_МАТЕМАТИКА.pdf
БИОЛОГИЈА
НАГРАДИ_БИОЛОГИЈА.pdf
ХЕМИЈА
НАГРАДИ_ХЕМИЈА.pdf
ГЕОГРАФИЈА
НАГРАДИ_ГЕОГРАФИЈА.pdf
„Ноември – месец на науката 2024“, ПРВ ДЕН 23.11.2024
На ден 23.11.2024 година, се одржа настанот „Ноември – месец на науката 2024“ за учениците од основните училишта, каде што 237 ученици од основните училишта имаа можност да уживаат во светот на науката преку различни активности и интерактивни содржини. Настанот започна со впечатливи демонстрации и експерименти, каде младите љубители на науката се претставија со презентации и експерименти од математика, биологија, природни науки, хемија и географија, и учестувуваа во интерактивни работилници од математика и биологија. Освен тоа, познати професори од различни научни области одржаа инспиративни предавања, охрабрувајќи ги учениците да истражуваат, поставуваат прашања и да го откриваат потенцијалот на науката. На самиот крај, беа доделени награди на најуспешните учесници. Голема благодарност на сите учесници, организатори, комисии, ментори и поддржувачи што го направија овој ден посебен. Од организаторите на настанот „Ноември - месец на науката 2024“: Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски М-р Ерблина Зеќири Христина Митреска Во продолжение ви споделуваме слики од најубавите моменти од овој ден. |
|
23.11.2024 - НАГРАДИ
ПРИРОДНИ НАУКИ
ПРИРОДНИ_НАУКИ-НАГРАДИ.pdf
ПРИРОДНИ_НАУКИ-НАГРАДИ.pdf
БИОЛОГИЈА
БИОЛОГИЈА_НАГРАДИ.pdf
БИОЛОГИЈА_НАГРАДИ.pdf
ГЕОГРАФИЈА
НАГРАДИ-ГЕОГРАФИЈА.pdf
НАГРАДИ-ГЕОГРАФИЈА.pdf
ХЕМИЈА
НАГРАДИ-ХЕМИЈА.pdf Ново!Во рамките на „Ноември - Месец на Науката“ на 23 ноември 2024 година, подгответе се за ден полн со научни авантури и истражувања! Активностите ќе започнат со регистрација и свечено отворање, а потоа следуваат возбудливи натпревари во експерименти, каде што учениците ќе ги покажат своите креативни и истражувачки вештини.
Распоредот на активностите и повеќе информации ќе најдете на следниот линк: |
Истражувај, експериментирај и откриј нови светови!
Драги ученици, почитувани наставници и родители,
Со големо задоволство ве покануваме да бидете дел од овогодишната манифестација за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“. Главен организатор на оваа возбудлива иницијатива е Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ), други учесници во организацијата се Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Македонско астрономско друштво (МАД), Скопско астрономско друштво (САД). Настанот „Ноември - месец на науката“ е отворен за сите ученици од основните и средните училишта, како и за нивните наставници по природните науки – математика, биологија, хемија и географија. Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на ова научно патување, кое ќе се одвива во текот на два викенди во ноември 2024 година, и тоа: • 23 ноември 2024 за учениции од основните училишта, • 30 ноември 2024 за учениции средните училишта. Настанот ќе биде збогатен со различни активности: - научно-популарни предавања, - натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик (експерименти), - презентации на искуства од наставници, - работилници, - посета на лаборатории на ПМФ и - други активности. Секој ученик и наставник кој ќе учествува на настанот ќе добие сертификат за учество, а на најдобрите ученици на натпреварот во демонстрации, како и на нивните ментори, ќе им бидат доделени дипломи и награди. Да се вклучиме сите заедно и да придонесеме кон популаризацијата на природните науки! Со почит, Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, претседател на СММ Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД Проф. д-р Христина Димеска Трајкова, претседател на МГД Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД Проф. д-р Даворин Трпески, декан на ПМФ |
Главни организатори
Сојуз на математичари на Македонија
Природно-математички факултет, Скопје
Природно-математички факултет, Скопје
Контакт
Емаил адреса:
[email protected]
[email protected]
Не постои ниеден дел од науките каде ниедна од математичките дисциплини не може да се примени, или кој не е во релација со ниедна математичка област. - Леонардо да Винчи